Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) објави соопштение за кризата во Украина. Партијата на Али Ахмети порачува дека со внимание ги следи состојбите во и околу Украина и ги осудува последните одлуки на официјална Москва за одвојување на териториите околу Доњецк и Луганск од Украина и нивно ставање под руска власт.
Со тоа сметаме дека се нарушува Договорот од Минск, се минираат разговорите во Нормандскиот формат, и се загрозуваат напорите за дипломатско решение на кризата. Ние во целост го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Единствени што ќе ги сметаме за успех е суштинска де-ескалација на состојбите, што можат да се постигнат само со повлекување на натрупаните воени сили на Руската федерација околу Украина, соопшти ДУИ.
Сакаме да потенцираме дека овие политички ставови преставуваат дел и од генералниот курс на земјата и нејзините стратешки интереси како членка на Северно-атлантската алијанса. Оттука би сакале да ги осудиме сите повици од политичките групации во земјава, нивните коалициоми партнери и стратешки соработници, како и поединци кои ги преставуваат, со кои се одобрува агресивното и непријателско однесување на Русија и се охрабруваат нејзините постапки. Тоа не само што не е соодветно за нашата евроатланска ориентација, туку сметаме преставува и дел од хибридните активности на надворешни фактори за да ја минираат нашата определба, создавајќи раздор во политичкото ткиво.