По огромното поскапување на горивата за 10 (дизел) и 5.5 денари (бензините), се шири револт меѓу граѓаните.
Економистите посочуваат дека додека граѓаните осиромашуваат во енергетската криза, државата се богати. „Околу 46 проценти од малопродажната цена на горивата одат кон државата (ддв, акциза и надоместоци). Ама вие ќутете си, може и бетер. Или како што кажа една пратеничка во тоа време – што ќе ви е гориво, секако сиромашните не возат коли. Туку, му се погоди ли позлатениот прибор за јадење на премиерот, се знае ли нешто?, праша Александра Андреева на Фејсбук.
Таа ја потсети Владата на нејзиното покачување на акцизниот данок за горивото кога цената на нафтата беше ниска, за сега, во време на сериозна криза, да одбива да ја симне акцизата. „Се сеќавате кога како антикризна мерка покачивме акциза на гориво оти на светско ниво цената беше многу ниска? Да, и јас. А се сеќавате кога владата најави дека сега како антикризна мерка ќе ја намали акцизата* оти на светско ниво цената е многу висока? Не, ни јас.“