Директорот на институтот Преспа Андреја Стојкоски бара од спикерот на Собранието Талат Џафери да забрани одржување на средби со рускиот амбасадор во Собранието, откако пратениците на Левица остварија средба со амбасадорот Баздникин таму.
Според Стојкоски, Русија треба да е под дипломатски санкции, што значи дека не треба да се одржуваат средби со нивни претставници во јавни институции.
Средбата со дипломат на Руската Федерација во просториите на Собранието на ?? е прекршување на санкциите за дипломатска изолација на ??.
Претседателот Џафери може да им наложи на службите да ги спречат овие средби. Партиите можат да прават средби надвор од Собранието, смета Стојкоски.
Средбата со дипломат на Руската Федерација во просториите на Собранието на 🇲🇰 е прекршување на санкциите за дипломатска изолација на 🇷🇺.
Претседателот Џафери може да им наложи на службите да ги спречат овие средби.
Партиите можат да прават средби надвор од Собранието.— Andreja Stojkovski (@andrejas_mkd) March 16, 2022