Илјадници мажиња, богомолни твитер и фејсбук хероишта, и уште толку послушни ќерки, во рок на неполни 24 часа влегоа во крстоносна битка против неколку девојки (и нормално, метонимиски против целото и разнолико феминистичко движење), во името на Бога, милостие, Црквата, љубењето на ближниот свој, саможртвата, и состраданието. Поради ЕДЕН транспарент кој на СЕПРИСУТНАТА и ВЕКОВНА Црква и рече „тргнете, мавнете ни се од нашите тела, од нашите одлуки, од нашите светови, од нашите релации, од нашите животи, од нашите желби, од нашите чувства, од политиката!„ Во 21 век, во демократија, не во ТЕОкратија, кадешто овој крик, овој извик, овој бунт, оваа изјава е сушстествено имплементирана во основата на демократијата, како нејзина можност! Па ќе колеле, ќе ебеле, ќе силувале, па проколнуваат од прабаба до ќерка, ќе тепале, та смртни закани, па не знам што се друго не изговорено како отров полош и од дехуманизација, со напади и омраза, и во јавни постови и во инбокс. Епа затоа, еве и јас да речам: ЦРКВАТА НЕКА ОДЈЕБИ! Ете, ќе повторам: ЦРКВАТА НЕКА ОДЈЕБИ! И вие со неа!
А во меѓувреме, Президиумот на Левица, откако ја украде и присвои идеолошката ознака („левица„), вчера го украле и историското наследство чијшто срам се, па формирале “АНТИФАШИСТИЧКИ ФРОНТ НА ЖЕНИТЕ“, толку опасно јак, што глобално ќе ги врателе “феминистичките идеи, кои некогаш беа дел од еден радикален светоглед“. И само таму и стојат (левата меланхолија за секогаш), “некогаш“ , бидејќи сегашноста и иднината не ни постојат за нив, бидејќи не чуле, или пак не сакале да чујат, дека сега и овде, и во последниве 70 години тие идеи, социјалистичко-, марксистичко-, автономистичко- феминистички идеи се активен дел од многу феминистички и квир движења, глобално и кај нас. Никако да остават мртвите да ги закопаат мртвите. Толку се силни што ќе се борат против неолиберализмот (пошто ние на нив чекавме за тоа), ама на нити едно место во таа смешка од Манфест не чувме дека ќе се борат против патријархатот, хетеронормативноста, расизмот, колонијализмот, етничкото насилство и еден тон други -изми кои се конститутивно испреплетени со капитализмот. Како би се бореле тие поклонички под железната чизма на Лидерот, не знам. Ама знаеме дека тие радикални левичарки антифашистки “како жени Македонки, силно застанува(ат) во одбрана на македонските национални интереси и правото на самоопределување на македонскиот народ!“
Така одприлика изгледа политичкиот пејзаж на македонскиот хетеро-патријархален силувачки клерикализам и “левичарење“. Наспроти кои вчера голем број на жени, на феминистки и феминисти застанаа и се спротиставија. Црквата и национализмот нека одјебат! Нека одјеби и капитализмот, и мачо силувачите и послушниците, и мачо неутралните просветлители, и расизмот, и хетеросексизмот, и наследното богатство брз крвта од колонијализмот!
(фејсбук статус на Славчо Димитров)