По бранот омраза со кој се соочи еврејската верска група Лев Тахор по доаѓањето во Македонија, при што престојуваше во Куманово и на кратко во Скопје, таа конечно беше сместена во охридското село Лакочерај. И таму локалните жители најавија протести против групата, што поттикна кривична истрага за говор на омраза и повици од ОБСЕ и од претседателот Пендаровски да се покаже толеранција.
Охридскиот јутјубер Вик Какаротски објави разговор кој заедно со Гоце Вегета го направиле со групата. Во неа, една од припадничките на Лев Тахор отворено зборува за нивните верски убедувања и за тоа што работат, демистифицирајќи ја групата и негирајќи ги обвиненијата за малтретирање деца.
Дополнително имав средба со представници од с.Лакочереј кој го организирале протестот за протерување на Лев Тахор…. мислам дека со ова видео ќе ја олабајме малку работата, бидејќи сепак гледаме деца и лица кој реално ДА ГИ ДУВНИШ ќе летнет, но не сум јас тука да му судам на некој за домаму шо да прајт и се трудам максимум да ги разберам на сите. Сакам, исто да испратам и голем поздрав до газдата на хотелот Прага кој е хуманист и буквално за егзистенција ги угостил евреите и до полицијата која се грижит цело време за нивната безбедност. Македонците се кроток народ, но сепак се си имат свои граници и како што им кажав и во Лакочереј нека мислет малку на нивниот соселанец од хотелот кој е ставен во нај жешкиот оган, велат авторите на интервјуто.
Видеото ги претставува и децата на припадниците на групата, а во една особено интересна сцена, тие позираат со Сонцето од Кутлеш.
https://www.youtube.com/watch?v=a_u3A15xo74