Професорот по архитектура Мирослав Грчев, кој е еден од најгласните противници на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на проектот Скопје 2014, напишал книга – збирка на колумни „Пирови победи на патот кон Европа“. Во интервју за Слободен Печат, Грчев емотивно и потресно говореше за тоа како власта на СДСМ не успеа да го урне споменикот на Александар Македонски, за кој вели дека нема никаква врска со Македонија.
Тие зрачат со таа погрешна фашизоидна порака, рече Грчев за спомениците од СК2014. „Кога едно дете ќе се роди во Фиренца или во Болоња, тоа гледа околу себе таложена култура со феноменални дострели. Нашите деца што можат да помислат, кога ќе видат дека најголемиот споменик на најцентралното место, каде што една држава остава симбол на својот врв, ние ставаме една кич глупотина со чудовишни димензии која што го слави Александар Македонски, кој случајно има исто име нели преку географската придавка и никаква друга врска, а изгледа како да ја измислил македонскат држава, го измисилил јазикот, културата и ги напишал сите наши книги, драми и општествени придобивки“.
https://youtu.be/2nrL7uwimUw?t=1199