Поранешниот премиер Никола Груевски одново објави скратена верзија на неговите снимени разговори со бизнисменот Јордан Камчев. Од разговорите се гледа дека Камчев едно говорел во приватни разговори, а сосема друго во сведочењето пред судот.
Камчев беше обвинет за случајот „Плацеви на Водно“, дека наводно преку него Груевски сакал да купи голем плац на Водно за да изгради вила. Во разговорите кои минатата година Камчев ги вршел со Груевски, се слуша дека Камчев е свесен оти нема никаква вмешаност на екс премиерот, и дека Камчев сакал плацот да го користи за центар за рехабилитација на пациенти. Груевски тврди дека изменетото сведоштво на Камчев, во последните судски рочишта, во кое тој сепак го обвини Груевски за криминал, се должи на притисоците кои се вршеле врз него.
Во две и пол минути на вистината (во линк подолу) кажано многу од Јордан (Орце) Камчев. За тие што ги интересира вистината.
Како говореше Орце Камчев пред да одлучи да стане инструмент во рацете на обвинителството, односно власта, а со цел да се спогоди за поширок круг предмети и истраги против него.
Јордан Камчев:
-“…ама јас ја кажувам вистината, кога ти и јас сме збореле за плацови?…Никогаш!
И кога нешто сме збореле јас и ти за оваа работа? Никогаш во живот! Епа сега што да ти кажам Никола, за што збориме, ако треба да лажам да идам да зборам дека си ми кажал нешто. Јас им кажав, нема никаков проблем, несреќа е за нас што нема детектор за лаги да ве ставиме сите тука…”
-“…кој товар? Нема ништо…
…Кој го спомнал Груевски? А пази стварно никој те нема спомнато во изјавите ги читав пак денес…освен Ристе што тропа глупости, никој друг нема.
Сите ја кажуваат вистината…јас им викам вие прво лутате бе…изјавата на Тинекс е за плацевите мои што се купени во 2001 година, на таа улица над Гуштеров јас ги имам купено во 2001 година тие плацеви преку Пеце.
За кои плацови зборите вие? На Водно има 100 плаца викам…неможе да збориме ние за пошто Тинекс и Мартин кажуваат за плацовите над Гуштеров што живее, десно вамо у малото… нема врска, сосема различни изјави се сите. Алек збори за Сашо за бизнис релации ама и тој не те чепка тебе, рекла казала, ништо конкретно, овој збори така (Ристо Новачевски), ама веројатно дека е притиснат…
-“…Груевски џабе го спомнувате во оваа работа…”
Така говореше Орце пред да оди во притвор, и пред да дојде рочиштето на самиот крај кога свати дека во Македонија кога станува збор за “политичките случаи” односно конструирани случаи со политички мотиви, не одлучуваат судиите за правдата и кој е виновен а кој не, туку власта преку обвинителството и свои емисари, па одлучи да се спасува прифаќајки во меѓусебен договор да им потврди се што сакаат да чујат.
Тоа е Македонија денес, за жал.