Зошто имало восочни фигури и слики од еден или друг лик во историски музеј? Затоа што тоа не е музеј на хероите, туку музеј кој ја визуелизира историјата каква што била, а дел од неа се и хероите и антихероите и сите што одбележале некоја историска епоха на одреден простор со своето делување. Така е во целиот свет. Вака експремиерот Никола Груевски преку фејсбук одговара на обвинувањата дека тој го рехабилитирал Ванчо Михајлов со поставувањето на негова восочна фигура во Музејот на македонската борба.
Во продолжение Груевски вели:
Поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот. Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму. Неможе да се прикаже историјата во историски но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови. Се друго е или незнаење или дневна политика и партиски препукувања.