Новинарот Бранко Героски им понуди на љубителите на хуморот и сарказмот на Еди Рама, нова негова изјава која можат да ја фалат:
„Е па еве, драги мои, имате нова можност да го пофалите Еди Рама.
Тој само што потврдил дека ако нема напредок овој месец, ќе побарал кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на Северна Македонија.
„Ако ништо не се случи во јуни, ќе сакаме да се разделиме од овој пар кој е изгубен во преводот“, рекол Рама.
„Изгубени во преводот“ сме ние и Бугарите, јасно.
Ајде сега, драги мои „изгубени во преводот“, сите на глас да ја фалите новата бравура на „генијалецот“ Еди Рама.
По, по, по…
Будали едни!
ПС. Патем речено, јас ја поддржувам идејата на Рама Албанија да се одвои од Македонија и сама да си оди по патот кон Европската Унија. Одамна сум се изјаснил за таа работа.“, напиша Героски на неговиот фејсбук профил.