Повеќето од претприемачите ги затворија своите продавници и избегаа од украинскиот град Миколајев, но цвеќарката Ангела Калисник сè уште продава лалиња и рози недалеку од бојното поле.
„Иако има војна, цвеќињата продолжуваат да цветаат во нашата покраина и не сакаме да го фрлиме“, рече Калисник (25).
Во нејзината цвеќарница има наредено шарени букети и покрај се, има муштерии. Еден човек ја напушти продавницата со голем букет за роденденот на неговата мајка. Пред неколку дена случаен минувач отишол да и купи цвеќе на една жена која го пронашла и му го вратила изгубениот паричник.
“Голем број војници, исто така, дојдоа да купат цвеќе за своите девојки на Денот на жената“, рече Калисник, додавајќи дека ја затворила цвеќарницата една недела откако Русија ја нападна нејзината земја на 24 февруари, но одлучила повторно да ја
отвори.
„Војната е војна, но луѓето продолжуваат да живеат, да слават родендени. Треба да ги расположиме луѓето и да ја одржиме економијата“, вели Калисник.