Македонците најмногу копаат криптовалути со последната генерација на компјутери, одредени само за таа намена, во скопските населби Чаир, Ченто и Шутка, како и во Тетово и Арачиново, според податоците на ЕВН, објави Гласот на Америка.
„Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, велиЛенче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН.
Евидентирана е и појава на паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина за да се избегнат високите сметки, кои за копање криптовалути често се пресметуваат и во стотици евра. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка.
За овој проблем за енормна потрошувачка на електрична енергија од оваа причина алармираше и Регулаторната комисија за енергетика.