Огромно количество хемикалии кои се користат за производство на дрога биле запленети на скопскиот аеродром вчера.
Повеќе од еден тон од хемикалијата фенилацетон биле најдени во 40-ина пратки кои биле испратени од Кина. Хемикалијата требало да биде транспортирана до земја – членка на Европската Унија, информираше Министерството за внатрешни работи. Се проценува дека пратката, по обработка, би вредела над 50 милиони евра. Се работи за хемикалија која се користи за производство на амфетамински дроги, метамфетамин и екстази.
Две лица осомничени во врска со пратката биле уапсени. „Акцијата е резултат на меѓународна соработка со цел да се открие криминалната група и лицата што вршат недозволена трговија со дрога“, информираше МВР.
Рацијата следи три месеци по заплената на неколку стотици килограми дрога на аеродромот во Скопје скриени во пратки со наводни делови за мобилни телефони. Оваа пратка беше пресретната во соработка со американската агенција ДЕА, а набргу потоа беа уапсени десетина осуммина полицајци и цариници кои наводно обезбедувале логистика за пратката.