Поранешниот пратеник Зоран Витанов гневен на информацијата за формирањето на Совет за унапредување на образованието распали по владата и членовите на СДСМ:
„Како татко на 3 деца кои се ученици во македонскиот образовен систем, сакам да им порачам на сите кои на било кој начин имаат врска со актуелната власт, да бегат подалеку од мене во секаква смисла на зборот за нивно добро! Како родител, ЈАС СУМ ДОЛЖЕН да си ги заштитеам своите деца од секакво штетно влијание, а според ова што го читам, во моите 50 години никогаш не сум се соочил со толкаво штетно влијание кон моите деца како актуелните узурпатори на Република Македонија воопшто, не само на образовниот систем!!! ЕсДеЕс- овци, до толку ли сте ОВЦИ и ќе молчите и за ова?! Ви деца имате ли бе робови? Ќе бекнете ли бе мутави?!?!“, реагира Витанов.