Илјадници граѓани излегоа да ја прослават победата над фашизмот и во украинските градови кои Русија ги освои од почетокот на својата воена интервенција.
Прославата на 9 мај стана контроверзна во Украина во изминатите години, и украинските власти честопати ги обвинуваа граѓаните кои го слават денот дека се про-руски ориентирани. Голем број споменици на Црвената армија и на победата над фашизмот во Украина биле уништени од Мајдан револуцијата во 2014 година.
Но сега, под руска власт, се организираа паради во градови како што се Керсон, Енергодар, Мелитопол, Бердјанск, па дури и во Мариупол, каде се водеа најинтензивни борби меѓу руските и украинските сили, и се уште е во тек битка за фабриката Азовстал.
https://twitter.com/RWApodcast/status/1523585442016563200