Еден од најискусните македонски новинари Васко Ефтов во сојата најнова емисија вели дека луѓето на Бранко Црвенковски, а веројатно и самиот тој работат за да му помогнат на Христијан Мицкоски за да го симне Зоран Заев на власт од СДСМ.
Сафет Бишевац, сите тие приказни, сите тие луѓе блиски на Бранко Црвенковски или Горан Минчев бидејќи нивното збирно место е кафичот на Горан Минчев во Рамстор, каде што се креираат тие политики од луѓе кои ги нарекуваат „Бранковисти“. Зоран Заев успеа да се справи и со Никола Груевски и со Бранко Црвенковски. Големиот Бранко Црвенковски тоа тешко може да го поднесе затоа ќе направи се со помош на своите луѓе да му помогне на Христијан Мицкоски да победи на предвремените парламентарни избори или редовни избори, вели Ефтов во својата најнова емисија „Во Центар“.
Во својата емисија со наслов „Сите луѓе на Заев и Мицковски“ Ефтов вели дека на овие избори СДСМ ќе настапи со пробугарска позиција, а ВМРО-ДПМНЕ со просрпска позиција со просорос елементи.