Колозова, бескрајно ти благодарам за оваа информација! Тукушто ме направи уште погорда на татко ми, Љубе Ванковски!
Сцената кога тајната полиција ни го растураше домот и му ги превртуваше листовите поезија и целата библиотека, уште ја паметам иако имав 6 години. Трауматично време!
Да, го држеа притворен, без да и’ кажат на мајка ми каде е (бил собран на излегување од работа во Нова Македонија ).
Пробаа да го врбуваат да биде доушник. Одби, штрајкувал со глад. И да, дома го псуеше Тито што шета по светот и не гледа дека дома му смрди .
Од него научив што е храброст да критикуваш тие на моќ. Татко ми беше и остана комунист ама беше против комунистичката црвена буржоазија. Јас не бев дете од фамилија, но чичко ми беше партизан (не заспан во времето за кое Колозова не’ обвинува сите ), баба ми Билка била во комити, другиот дедо ми криел партизани во домот. И немам царско педигре
Работничка класа, Като! Свесна и критична!
Љубов за тебе принцезо, нежно дете од фамилија
(фејсбук статус на професорката Билјана Ванковска)