Министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас“. Тој пред новинарите го коментираше задржувањето на Бугарите на граница, но и тоа што европратеникот Ангел Џамбаски не дојде во Македонија.
Демерџиев реагираше што Бугарите чекале на граница и од пред Свети Спас кажа дека ќе подареле три генератори за струја, за да системот повеќе не биде во прекин.
Демерџиев пред новинарите кај црквата Свети Спас за доаѓањето на Џамбаски и Костадинов посочи: Јас зборев со нив и кажав да останат во Бугарија. Ме послушаа. Тие не дојдоа до граница. Тоа за мене е најправилниот пат, не треба провокации“.
Бугарскиот вицепремиер посочи дека очекува Македонија реципрочно да одговори и да ги пушти Бугарите да го слават Гоце Делчев, исто како што Бугарија ги пушти Македонците претходно.
Очекувам секој бугарски државјанин да стигне без било какви интервенции – кажа тој.
Прашан дали е пријателство односот на поединечни политичари од Бугарија кои Македонија ја нарекуваат бугарска држава, Демерџиев рече: За нас е јасно е дека Македонија е суверена независна држава.