Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук предупреди дека за Бугарија ќе се зборува како за проблематично дете на Европската унија, особено ако се пристапи и кон развојување на Скопје и Тирана во пристапниот процес.
Многу е опасна тезата за разделување на двете држави. Ќе биде многу тешко во иднина да ѝ објасниме на Северна Македонија како сме дозволиле Албанија да започне преговори, а не сме ѝ дале поддршка и зелено светло на братска Северна Македонија. Ако сега го дозволиме тоа, потоа многу тешко ќе биде враќањето на двете држави во еден процес (…) Допрва треба да се донесат важни одлуки, донесени од сите, изјави Ќучук, потсетувајќи дека Романија и Бугарија на ист начин заедно се натпреварувале во исполнувањето на критериумите на патот кон ЕУ.
Албанија бара да и се дозволи сама да ги почне преговорите со Унијата, ако Македонија повторно извиси во јуни. Бугарија го поддржува ова барање.