Во Фејсбук статус, Петар Богојески вели дека односот на САД кон Русија бил далеку подобар во мандатот на Доналд Трамп отколку сега. Според Богојески, силните притисоци на администрацијата на Бајден врз Русија може да го натераат Путин да предизвика невидена катастрофа.
ТРАМП Е ВО ПРАВО! Трамп имаше поздрава политика кон Русија од ова што го гледаме денес… буквално базирана на формулата на Кисинџер! Ова што денес го гледаме… ставање на Путкин како мачка во ќош, може да резултира со катастрофа! Путкин или ќе “победи” или ќе направи светска трагедија… затоа многу погрешно е да се убедува Украина дека може да победи… зашто никој не знае што се подразбира под тоа „победа“. Украина херојски се бори… секоја чест… херојски народ! Тие веќе го поразија Путкин! Но не е во ред, украинскиот народ да се користи како топовско месо! Грев е од Бога! Таму војната мора да запре, а не да се разгорува! Путкин мора да „победи“ исто така како што СССР во деведесеттите „победи“ и се самораспушти!
Или ќе му се даде простор на Путкин да „победи“ и херојски да се самоубие или многумина низ светов ќе убие! Работава не е шала… никогаш не била позамрсена!