Руските пранкери Вован и Лексус, познати во Македонија по тоа што неколку пати го насамарија Зоран Заев, успеаа во екот на војната во Украина да снимат разговор со британскиот министер за одбрана Бен Волас. Пранкерите му се јавиле на Волас пред неколку дена, и го убедиле дека разговара со премиерот на Украина Денис Шмихал.
Засега тие објавија само куси извадоци од разговорот, а полната верзија ќе биде објавена утре. Но веќе излегуваат драматични детали за британската вмешаност во војната во Украина, за испраќањето британски борци на фронтот и за тоа дали Британија ќе и дозволи на Украина да се откаже од членството во НАТО.
https://www.youtube.com/watch?v=AddPg3jAABI
Во еден од разговорите, лажниот пермиер Шмихал од Волас бара Британија да испрати нови количества на НЛАВ проектили, кои се користат за борба против руските тенкови. „Шмихал“ се жали дека проектилите кои Британија досега ги испратила честопати се расипуваат. На ова, Волас вели дека ќе види што може да стори, но дека и Британија е веќе при крај со залихите на тие проектили.
За членството на Украина во НАТО, Волас зборува како за нешто што веќе е јасно нема да се случи. „Многу ни е жал. Британија беше од тие земји кои сакаа да влезете во НАТО. Но има веќе 30 земји во НАТО и тоа е проблемот, не е лесно да обезбедиме сите од нив да кажат ‘да’“, одговара Волас, навестувајќи дека држави членки на НАТО може да стават вето на приемот на Украина.