„Бит пазар е комшиски поврзан со Основен суд Скопје 1 и Обвинетелството на Русковска, но не само комшиски, туку и суштински, бидејки вакво апла пазарење, нема ни на Бит пазар, во смисла на изречените смешни казни од по 1-на година и условни казни… ( тоа е, кога ти е Русковска жирант и кога од нејзе чекаш гаранции, си добиваш 1 година која никогаш нема да ја лежиш). Вака Бојан Јовановски – Боки 13 ја искоментира пресудата за „Плацеви на Водно“ преку неговиот профил на фејсбук.
Ееее, да ви предложам нешто, поради тоа што многу сакате мене да ме обвинувате и судите без докази и да ми изрекувате казни надвор од здрав разум, од ракав и омраза, дајте мене осудете ме на уште една казна затвор за сите криминали на Камчев во случајот Империја, за да го спасиме Камчев, греота е, па нели тоа е крајната цел на сите организирани структури на целиов циркуз ( случај Рекет за спас на Камчев ), мене осудете ме и за Империја, барем поштедете не од оваа брука и мизерија која ја вреѓа интелегенцијата на секој од нас…