Бојан Јовановски – Боки 13 ќе сведочи денес во Кривичниот суд во Скопје. Ова е прво рочиште откако Боки изнесе дел од преписката со Зоран Заев, во која го обвини екс премиерот за вмешаност во криминални активности.
Боки 13 објави дел од преписката со Заев, го обвинува за криминал
Пред рочиштето, Боки побара поддршка од јавноста и од медиумите, во очекување да изнесе нови докази против Заев. Тој бара од претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и од судијката Софче Гаврилова Ефремова да му биде вратен мобилниот телефон и да се прифати неговата содржина да се употреби како доказ против Зоран Заев како и неколку поранешни функционери на СДСМ.
Не барам мене да ме браните, барам поддршка за вистината, одговорност за вистинските криминалци, крај на корумпираното и исполитизирано судство под палката на зоран заев или пак било кој друг следен политичар-напиша Боки во повикот за денешното рочиште.