„Македонските партии во изминатите 30 години во името на некаква национална ‘гордост’ и нанесоа штета на државата, но и нам, како на Албанци. Ако природниот чинител на оваа држава не сака таа да се зачува, зошто тогаш Албанците ќе треба да го носат тој товар?! Со Бугарите е потешко да се договориме за мрачното минато отколку за светлата иднина! Гордоста и ароганцијата водат до пораз со наведната глава. Ние сме заробени во канџите на примитивниот патриотизам и мора да размислиме дали да продолжиме со овој расипан ментален код.“ – вели Мерсел Билали аналитичар и професор на ФОН.
Тој во својата колумна со наслов „Народ што питачи за распаѓање“, која ја објави телевизијата на албански јазик „Шења“ на својот интернет-портал.
Покрај другото, пишува: „**** Македонија е проколната земја.’ – често ми вели еден мој пријател. Сега и по 32 години таа изгледа како дете родено со физички и психички недостатоци. **** Македонија дефинитивно не го оправдува своето постоење, бидејќи основните чинители немаат државен капацитет. Политичарите стануваат државници кога си ја спасуваат државата и народот, па макар и самите да се изгорат притоа. Дури и сега кога е потешко со Бугарите да се договориме за мрачното минато отколку за светлата иднина! Во тешките одлуки или сте државник, или сте страшливец.“
„Патроните ја сочуваа **** Македонија во времето кога соседните држави беа непријателски настроени кон неа, но денес многу лесно може да се предизвика распадот на оваа држава, која не го сака животот. Големите играчи нема да се занимаваат со нас уште долго време. Во политиката не се одвива се како што мислат некои склеротични академици, кои сметаат дека планетата е создадена поради Македонците. Уште само во **** Македонија и во Северна Кореја еден академик, без да знае што зборува, прогласува други како ‘предавници’, со поим, кој што во нормалниот свет е фрлен од поодамна во кантата за ѓубре.“
„Целиот свет оди напред, само ние не одиме!“
„Албанците отсекогаш ги прифаќаа западните сигнали за зачувување на оваа држава. Но, ако природниот чинител на оваа држава не го сака ова, зошто тогаш Албанците ќе треба да го носат тој товар?! Партиите од македонскиот блок во овие 30 години, во име на некаква национална ‘гордост’ и нанесоа штета на државата, но и нам, како на Албанци. Ако тераме по старо, тогаш само ќе губиме време да продолжуваме да ја спасуваме по секоја цена државата, која сака да се самоубие. Џорџ Чепмен би рекол: ‘Кога играта се води со гордост и со ароганција, тогаш неизбежно следи пораз со наведната глава’.“
„Додека ние губиме време со историјата дури и примитивните подрачја во светот се прегрнаа со иднината. Дури и дивата Африка се промени, но ние никако не се променивме. Заробени сме во канџите на примитивниот патриотизам. Мора сериозно да размислиме дали ќе продолжиме да губиме време и луѓе со овој расипан ментален код. Ако некој, кој се повикува на загрозувањето на својот идентитет, или на асимилација, посакува да оди во Москва, тогаш тоа е за него природно решение, но не сакаат сите да одат во Москва! Тие сили умешно се кријат зад јазикот и идентитетот. Секој кој што се чувствува како нормален нека се запраша самиот себеси: дали се чувствува дека е во помала мера Македонец по Преспанскиот договор? Напротив, сега се е опуштено. Со нашиот Устав јазикот на албанската заедница веќе 22 години се нарекува ‘јазик на етничката заедница, која ја има најмалку 20 проценти’, па сепак никој не беше асимилиран”, пишува Биљали.