Цените на нафтата и на дизелот дивеат на светските берзи, а состојбата очекувано се пресликува и во Македонија. Достигнат е рекордот – бензинот БС- 95 се продава по цена од 89,5 денари, БС-98 има цена од 91,5 денари, а еден литар дизел чини 85,5 денари.
Но, верувале или не, пред 10 години имало речиси исти цени на безнините
како сега, но значителна разлика имало кај дизел горивото, пишува порталот Пари. Всушност, цената формирана на 9 април 2012 година го држеше рекордот сè до сега. Тогаш еуросупер со 95 октани чинел 89 денари, или само половина денар помалку од сега, безнинот со 98 октани имал цена од 90,5 денари, или 1 денар помалку од сега, но дизелот се продавал за 12 денари поевтино, односно неговата цена била 73,5 денари.
Податоците покажуват дека сега може да се купи повеќе бензин отколку по претходната рекорна цена од 2012 година, но повеќе литри се можни да се купат и од времето на Големата финансиска криза која во светот почна во 2007 година, а кај нас се прелеа во 2008 година, кога во првиот квартал е евидентирана и инфлација од 9,5 проценти.
Просечната плата за март 2022 година се уште не е објавена, поради што порталот ги користеше последните податоци кои се однесуваат на декември 2021 година. Нивната пресметка покажува дека во 2008 година, со просечна плата од 15,128 денари, можеле да се купат 224 литри БС-95, 221 литар БС-98 и 224.5 литри дизел гориво.
Во април 2012 година, со просечната плата од 20,743 денари, можеле да се купат можеле да се купат 233 литри БС-95, 229 литри БС-98 и 282 литри дизел гориво. Ова значи дека во периодот од 2008 до 2021 година, платите растеле побрзо од цената на горивото. А денес, со просечна плата од 29,943 денари, можат да се купат дури 334 литри БС-95, 327 литар БС-98 и 350 литри дизел гориво.