Американскиот претседател Џо Бајден повторно успеа да покаже дека е крајно неспособен за функцијата која што ја врши. Во обраќање за сериозната тема на војната во Украина, тој ги побрка Украинците со Унгарците. Бајден се обидуваше да се пофали дека со својата воена поддршка на Украина, пред се со испораките на противтенковски ракети, САД многу им помага на Украинците во борбата против Русија. Но претседателот ја побрка земјата која САД ја вооружуваат.
Пред само неколку дена весникот „Волстрит Журнал“ цитираше млад УНГАРСКИ борец кој рече дека без ракетите Џавелин што им ги даваме ќе беше многу тешко да го запрат непријателот, изјави Бајден.
Бајден постојано се губи за време на неговите јавни настапи, заборава за што зборува и со кого се среќава. Тој има 79 години, но веќе со години не е во вистинска форма.