Јанко Бачев од партијата Единствена Македонија, која силно го поддржува менувањето на изборниот модел, ги повика другите македонски партии да се обединат и да не дозволат ДУИ да ја спречи оваа реформа. Албанските партии, а особено ДУИ, кои профитираат од поделбата на 20-те пратенички места во шестата изборна единица каде пратеник може да се избере се далеку помалку гласови отколку во другите единици, се противат на оваа идеја бидејќи се свесни дека ќе загубат гласови.
Почна расправата за една изборна единица. ДУИ е против и во добро познатиот стил со закана дека без консензус нема измена на изборниот модел. Ако ДУИ спречи 90 македонски пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои јавно кажуваат дека прифаќаат една изборна единица (за измените треба 61 пратеник) тогаш, кажете и збогум на парламентарната демократија, која, нели е голема европска вредност. Патем, прашајте го Џафери зошто ДУИ го прекрши консензуалното правило за влада меѓу победничка македонска и албанска партија. На изборите во декември 2016 победи ВМРО-ДПМНЕ со 51 пратеник, но, ДУИ направи влада со СДСМ. Македонски пратеници, одважете се, викнете бе, тропнете, ако треба и тепајте се во Собранието. Доста од уцените на ДУИ!, побара Бачев.