Како што е познато, на 17 јуни точно на денот кога на 17 јуни 2018 беше склучен Преспанскиот договор беше промовирана книгата на претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев со наслов „Меѓународно-правните основи и постапката за поништување на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Во книгата детално се образложени правните основи и постапката за поништување на Договорот, пишуваат во соопштението од партијата на Јанко Бачев.
Истиот ден, на 17 јуни, американскиот претседател Џо Бајден го продолжи Извршниот декрет под број 13219 уште за една година со кој секој граѓанин и политичар во Македонија кој говори против Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД кое нешто подразбира забрана за влез и замрзнување на имотот во САД.
Во ист ден, во исто време, од САД стигна забрана да се зборува против Преспанскиот договор, а од Македонија беше упатен абер дека Договорот е ништовен и мора да се поништи и дека постојат правни основи и постапка како да се стори тоа.
Џо, извини, ама морално е, можеш да се закануваш со санкции колку душа ти сака ама Договорот мора да се поништи бидејќи сакаме да бидеме свои на своето и тоа што сме – Македонци од Македонија. И толку!