На официјалниот Твитер профил на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија доцна амбасадорот Сергеј Баздникин објави неколку пораки во кој нагласува дека дека „Северна Македонија“ во моментов води антируска политика, со која не се согласуваат многу македонски граѓани.
„Русија е уникатна земја со огромен потенцијал. Секој обид таа да биде изолирана, ‘откажана’, ‘пречкртана’ на мапата на светот во принцип е осуден на неуспех. Со длабоко жалење забележуваме дека кон ваквите деjства се придружуваат во Северна Македонија.
Оваа ситуација ја сметаме за неприродна – со македонскиот народ историски имаме блиски пријателски врски, засилени со нашето духовно и културно сродство, со заедничките словенски корени.
И покрај непријателските чекори – често, морам да кажам, акцентирано непријателски, кои секако ги забележуваме и ги земаме предвид – чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани. Благодарни сме на сите за принципиелниот став, кој во сегашните услови бара храброст“, твитна амбасадорот Баздникин.
1/3 #Баздникин: Русија е уникатна земја со огромен потенцијал. Секој обид таа да биде изолирана, „откажана“, „пречкртана“ на мапата на светот во принцип е осуден на неуспех. Со длабоко жалење забележуваме дека кон ваквите деjства се придружуваат во Северна Македонија.
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) June 9, 2022
2/3 Оваа ситуација ја сметаме за противоестествена – со македонскиот народ историски имаме блиските пријателски врски, засилени со нашето духовно и културно сродство, со заедничките словенски корени.
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) June 9, 2022
3/3 И покрај непријателските чекори – често, морам да кажам, акцентирано непријателски, кои секако ги забележуваме и ги земаме предвид – чувствуваме искрена поддршка од многу македонски граѓани. Благодарни сме на сите за принципиелниот став, кој во сегашните услови бара храброст.
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) June 9, 2022