Претседателот на Достинство, Стојанче Ангелов вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.
–„Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат.
Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум.
Тој потсети дека како претседател на партијата Достоинство иницираше референдум со четири прашања но тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не дозволи.
„Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање“ – рече Ангелов на Канал 5. Според него, прашањето би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци“.