САД никогаш не го легализирале абортусот со закон кој ќе биде усвоен во Конгресот – место тоа, во 1973 година Врховниот Суд донел одлука дека абортусот што сакала да го изврши една жена од Тексас бил нејзин избор и би бил легален – со тоа, одлуката важи за сите лекари и сите мајки низ САД. Околу половина од американските држави во меѓувреме донеле свои закони со кои се легализира абортусот, па така, доколку одлуката на Врховниот Суд се потврди, наскоро може да се случи во половина од земјата абортусот да стане забранет.
Најавата веднаш предизвика бурни протести пред зградата на судот во Вашингтон, и се очекува да стане важно политичко прашање во претстојните избори за Конгресот во ноември. Судиите на Врховниот Суд ги именува претседателот на САД, и во мандатот на Трамп имаше три избори – со тоа, Трамп успеа да именува двајца конзервативни судии на место на двајца левичарски судии кои секако ќе гласаа абортусот да остане легален. Судот сега е поделен 5-4 или 6-3 во полза на десната опција, и според Политико, судиите гласале 5-4 за да се поништи одлуката со која беше дозволен абортусот.