Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Мери Брнз наскоро ја завршува својата мисија во земјава, а на нејзино место треба да дојде Анџела Прајс Агелер.
Во биографијата на Агелер пишува дека извесен период минала во Македонија и зборува македонски јазик.
Станува збор за дипломатка од кариера чија последна мисија била како заменик-шеф на мисијата во амбасадата на САД во Пакистан.
Претходно додека престојувала во Скопје работела како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада.
Во нејзината биографија пишува дека зборува француски и македонски, како и малку хинди.
Агелер работела како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, Франција, а била и на дипломатски задачи во американските амбасади во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, како и во конзулатот во Ченај, Индија.
Таа работела и како заменик-помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија, портпаролка на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот итн.
Идната амбасадорка е мажена за високиот службеник за надворешни работи, Брајан Агелер со кого има ќерка Меделин која работи како новинарка во Њујорк.
Нејзината биографија може да ја прочитате тука.