Познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева објави неколку снимки од одморот во Грција и ги воодушеви сите.
Таа заради фотографиите веднаш доби пофалби на сметка на својот изглед, како од машкиот така и од женскиот пол.
Агнеса која во центарот на вниманието дојде по бурниот развод од Роберт Ордановски, знае како да ужива во животот. Таа деновиве ги спакува куферите и замина на одмор во Грција, каде уживаше на преубавата плажа Лагомандра, во близина на Неос Мармарис, на вториот крак на Халкидики.
Таа веднаш објави неколку фотографии и „сторија“ од одморот, но со една од последните никого не остави рамнодушен.
На нив се гледа како русокосата дама изгледа во својот дводелен костим за капење, додека ужива во базенот од познатиот хотел.
Многумина заради оваа снимка коментираа дека изгледа топ, но и дека е една од најдобрите „риби“ меѓу инфлуенсерките.