Неверојатна изјава на Ахмети за Русија: Како може некој да почне војна во 21 век!?

Прочитај за: < 1 минута

Изјава на Али Ахмети за војната во Украина предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Лидерот на партијата ДУИ праша како е можно Русија да ја нападнала Украина во 21 век. „Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!“, изјави Ахмети.

За тие што можеби заборавиле, Ахмети беше командант на таканаречената Ослободителна војска на Косово – УЧК – која во 2001 година, во 21 век, почна војна во Македонија. Во таа војна беа убиени десетици македонски војници, полицајци и цивили, како и стотици албански герилци и цивили.