Арија Пермана (13) на 11-годишна возраст имаше неверојатни 192 килограма, но во меѓувреме загуби 106 килограми и буквално се преполови. Меѓутоа, сега момчето има проблем со вишок кожа, која мора хируршки да му биде отстранета, пишува „Дејли мејл“.
Момчето од Индонезија, кое некогаш се сметаше за најдебелото дете во светот, веќе на возраст од 10 години имаше проблеми со движењето и дишењето и мораше да плива во отворен базен. Јадеше главно брза и пржена храна и пиеше слатки газирани сокови.
Кога животот му бил доведен во опасност поради неговата прекумерна тежина, Арија станал најмладата личност во светот на која ѝ е вграден желудочен бајпас, а исто така морал да се подложи на строга диета и да јаде риба и зеленчук. Денес има 86 килограми.
извор: Макфакс