Според пописот што беше извршен минатата година, Македонците се сведени на само 54.25 проценти од вкупниот број државјани на Македонија. Процентот на Албанците пораснал на 29,52.
Оваа бројка ги вклучува и исселениците. Вкупно биле попишани 2.097 милиони граѓани, а од нив 1,836 се уште живеат во Македонија, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симoвски.
Од другите заедници, 3.86 проценти се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 како Власи и 0.87 како Бошњаци.
Пописот бил масовно бојкотиран од македонската дијаспора. Од попишаните државјани кои живеат во странство, 66,36 проценти се етнички Албанци, а само 24,45 се етнички Македонци. Ова е резултат на општиот бојкот на пописот од страна на Македонците кои живеат во странство, наспроти масовното организирано попишување на Албанците.