Иако директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски инсистираше дека резултатите на пописот во делот на етничката и верската припадност не може да се менуваат откако процесот заврши, пред очи на целата јавност бројот на атеисти неколкукратно се зголеми – од 355 на 8,764! Симовски инсистираше дека овие графи не смее да се менуваат, иако ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии побараа да се организира дополнителен попис за да се внесе определбата на околу 132,000 бојкотирачи.
Криминалците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки!, реагира пратеникот Борислав Крмов од Левица, споделувајќи нови резултати од пописот каде наместо првичните 355 граѓани кои се изјаснале како атеисти, сега станаа 8.764. „Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис, по нарачка ли? Ова е невиден скандал! Оваа лакрдија веднаш да се поништи! Сите ќе одговарате!“, порача Крмов.