Професор по историја на Тетовскиот универзитет кој го финансира државата Македонија тврди дека за време на Крушевската Република Албанците обезбедувале оружје, во Илинденското востание учествувале Бугари, а воопшто немало Македонци!“
„Во органите на Крушевската република биле избрани претставници на секој од трите народи – православни Албанци, Бугари и Власи. Албанците дале голем придонес во востанието, обезбедувајќи оружје и муниција за востаниците. “ – овие тешки навреди врз македонскиот народ и тешки фалсификати на историската вистина ги изнесе историчарот и професор на државниот Универзитет во Тетово Неби Дервиши во врска со Илинденското востание во изјава дадена за Втората програма на албански јазик на државната Македонска телевизија.
„Во историографијата не е доволно расветлено што содржи фактографскиот опус за Илинденското востание и за важноста на Албанците во тој период’ – вели за ТВ М 2 историчарот Неби Дервиши. Според него, во Илинденското востание учествувале и православните Албанци, тогашни жители од Крушево. По ослободувањето на Крушево и на некои населени места биле избрани органи на Републиката, привремена Влада и Собрание, кое броело 20 Власи, 20 Албанци и 20 Бугари. Била избрана и привремена Влада, која исто така била сочинета од двајца Власи, двајца православни Албанци и двајца Бугари. Крушевската република немала долг живот, таа се распаднала пред време. Придонесот на Албанците главно бил со обезбедување на вооружување.“
Агенцијата натаму пренесува што кажал овој универзитетски професор и доктор на историски науки: “„Албанците ќе придонесат многу со обезбедување на оружје преку тајни канали, кои доаѓале од реонот на Тетово, од реонот на Поградец и преку прикриените канали, кои ги снабдувале востаниците со оружје и муниција. Еден од хероите на Крушевската република Пјетер Гури, кој во документите се вика Питу Гули, е половина Албанец и половина Влах. Ова не го велам јас, туку го кажува и еден од најистакнатите македонски историчари Димитар Влахов, кој укажува дека Питу Гули имал мајка – Албанка а татко – Влах.“
„Пораката на Илинденското востание е дека народите треба да соработуваат и да уживаат рамноправни права. Самото големо Собрание од 60 мажи, или 60 делегати, од кои по 20 од секое население, самата привремена Влада од шест лица – по двајца Албанци, двајца Власи и двајца Бугари – зборува дека во тоа време со локалното востание било предвидено секој народ да ужива своите рамноправни права. Придонесот на Албанците во овој период е неспорен и има илјадници документи од овој период, кои треба да бидат објавени.“ – кажал историчарот Неби Дервиши денес во изјавата за Втората програма на албански јазик на Македонската телевизија.
Извор: Експрес