Со знамиња, транспаренти, скандирања „Слобода за Ламбе“ и пеење песни од поп пејачот се одржа протестот пред полициската станица во Битола во знак на поддршка на уапсениот Ламбе Алабаковски за предизвикување пожар во клубот Ванчо Михајлов. Неколку илјади битолчани побараа негово пуштање на слобода и ослободување од одговорност.
-Реакцијата на Ламбе само претставува она што сите ние го чувствуваме и мислиме за заживувањето на фашизмот во овој град и во Македонија, рече еден од говорниците на протестот кој во својот говор нагласи дека македонскиот народ не молчел кога бил под ропство, не молчел кога фашисти газеа по оваа земја, а нема да молчи ни денес.
-Не убедуваа дека треба да молчиме кога ни го менуваа името поради европските интеграции. Не убедуваа да молчиме кога ги распродаваа македонските национални интереси. Не убедуваа и денес да молчиме. До кога ќе молчиме?, праша говорникот.
Учесниците во протестот ја искористија можноста да го изразат револтот од отворањето на клуб во нивниот град со име на фашистички соработник.
- Ламбе да се прогласи за национален херој, изјави учесничка на протестот.
- Ламбе не е ништо помалку од партизаните кои се бореле за слободна и независна Македонија, вели учесник на протестот.
Видео од протестот може да погледнете на овој линк.
https://www.youtube.com/watch?v=k9l3tLHfDiw&t=1s