Адвокатот на Ламбе Алабаковски, во разговор за Алфа Телевизија вели дека не го оправдува неговиот потег, но дека мора да се земе предвид целата состојба во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија како и фактот дека член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.
- Неговиот дедо е стрелан од Бугарите. А се враќа во Македонија и тука се отвара културен клуб на еден од најголемите злосторници на македонскиот народ кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ. Фрустриран, наведнат до доле, но очигледно човекот има кичма. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува од тоа што го сторил, но тоа било негов знак на револт, вели адвокатот Драган Георгиев.
Според него, вели дека за кривичното дело предизвикување општа опасност за кое е обвинет Алабаковски кога ќе бидат земени сите околности, како и дека нема голема материјална штета, ниту човечки жртви, казната на крајот може да не биде ниту затворска, иако најмалку 8 дена ќе помине во притвор.