При денешната посета на реновираниот дел на Клиниката за гастроентерохепатологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, премиерот Зоран Заев направи гаф и не успеа да го изговори точниот назив на Клиниката, односно зборот „гастроентерологија“.
Заев во изјава за новинарите почна да го нагодува зборот „дермато… ен… дермато“ и несигурно да шета со погледот гледајќи во плафонот, но по суфлирање од присутните успеа да го погоди точниот израз за што видно се израдува, по што следуваше смеење од него и присутните, а на дел од нив, судејќи по гестикулациите кои ги правеа им беше доста непријатно, па во тие мигови беа со наведнати глави.
Овој гаф на премиерот беше инспирација за објава на Твитер, каде што профилот потпишан како „Мартиан“ го објави извадокот од изјавата на Заев и напиша: „Зоки ај речи гастроентерохепатологија“
https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1189134423188529153