Зоран Божиновски – Буревесник открива…
“СЕЛЕКТОРКА”
Случајот ,,РЕКЕТ,, се роди од случајот ,,ИМПЕРИЈА,,. Јавноста нема поим дека во истрагата, ама и пред да почне воопшто да се преземаат било какви дејствија во предметот ,,РЕКЕТ,,, шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ВИЛМА РУСКОСКА, направила пазар од лукративни причини, па преку примена на селективна правда, предметот го затворила со само ТРОЈЦА обвинети:
КАТИЦА ЈАНЕВА, БОЈАН ЈОВАНОВСКИ и ЗОРАН МИЛЕСКИ
При покренување на истрага во предметот ,,РЕКЕТ,,, ВИЛМА РУСКОСКА имала доволно елементи и цврсти и несоборливи докази за да ги предложи и смести во притвор обвинителката ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, бизнисменот ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ и ЛАЗАР ЈАНЕВ, син на Катица Јанева.
При пазарењето за покренување истрага и подоцна покренување обвинителен акт, а за да премолчи КАТИЦА ЈАНЕВА, да не пушти глас и за да не го проблематизира непостапувањето против СТЕФАНОВА и ЧИФЛИГАНЕЦ, Рускоска го изземала нејзиниот син ЛАЗАР ЈАНЕВ од истрага и обвинение. Наменски го оставила на слобода, иако има цврсти докази за неговите постапки споротивно на законот во случајот ,,РЕКЕТ,,
Претходно, со уцена и рекет преку посредникот ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ кон ОРЦО КАМЧЕВ, обвинителката ЛИЛЕ СТЕФАНОВА за да оствари противправна имотна корист од значителна вредност во износ од 200.000 евра, постапувала спротивно од кривичниот закон и со своето поведение и постапување речиси сигирно го ослободила КАМЧЕВ од вина во предметот ,,ИМПЕРИЈА,,. Таа воопшто не водела грижа да прибере докази и да го заврши предметот со обвинителен акт, туку се водела исклучиво од намерата да обезбеди имотна корист од ОРЦО КАМЧЕВ.
ВИЛМА РУСКОСКА при истрага во предметот ,,РЕКЕТ,, добила докази кои сеуште се во архива на обвинителството со кое раководи и тоа:
Во период август и септември 2018 година, бизнисменот ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ остварил неколку средби со СТЕФАНОВА во стан на негова вработена, инаку блиска пријателка на ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, на кои било договаран начинот на кој ЧИФЛИГАНЕЦ ќе издејствува деловен простор за стоматолошка ординација за ќерката на СТЕФАНОВА, вреден 200.000 евра, во зградата ,,ФЛАТРОН,, градена од ,,АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ,, на ЧИФЛИГАНЕЦ. По нивниот договор, ЧИФЛИГАНЕЦ го побарал деловниот простор од КАМЧЕВ а за возврат му понудил спас од кривичен прогон во предметот ,,ИМПЕРИЈА,,, застапуван од СТЕФАНОВА пред СЈО.
ВИЛМА РУСКОСКА за овие средби, договори и уцена има на располагање смс пораки, телефонски исписи од нивните телефони во тој период, има и изјава од ОРЦО КАМЧЕВ, ама спротивно на нејзните овластувања не превземала никакви дејствија, не ги повикала на распит ЧИФЛИГАНЕЦ и вработената кај него и блиска пријателка на СТЕФАНОВА, а распитот и сведочењето на СТЕФАНОВА во предметот ,,РЕКЕТ,, го искористила за да и наштети на КАТИЦА ЈАНЕВА и да ја донесе до пресуда во предметот. Јанева не смеела да реагира на ова непостапување на РУСКОСКА заради уцена од нејзина страна т.е. поради закана дека ќе го притвори нејзиниот син ЛАЗАР ЈАНЕВ и ќе го седне на обвинителна клупа до мајката, со сигурна идна затворска пресуда и за него…
ВИЛМА РУСКОСКА имала и има доволно докази и за притвор и кривична постапка и против АНА КАМЧЕВА, која во договор и дослух со ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, во стан во населба КАПИШТЕЦ на барање од БОЈАН ЈОВАНОВСКИ за исплата на 2, 4 или 6 милиони евра за ослободување од притвор, одговорила со исплата од 500.000 евра. АНА КАМЧЕВА и ЛИЛЕ СТЕФАНОВА воопшто не се опфатени во истрагата на РУСКОСКА, за овој дел од предметот ,,РЕКЕТ,,. Ако покренела истрага и обвинителен акт против КАМЧЕВА за давање мито, Рускоска ќе морала да покрене истрага и обвинителен акт и против СТЕФАНОВА, најмалку за поттикнување на извршување на тешко кривично дело. Ама и во тој дел од ,,РЕКЕТ,, постапила СЕЛЕКТИВНО!
ВИЛМА РУСКОСКА на располагање има и докази за против правно прибавен трособен стан од страна на ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, исто така со посредништво на ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, за друг предмет во кој ослободила обвинет за тешко кривично дело во Радовиш. Во тој трособен стан изграден од ,,АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ,, на Ванчо Чифлиганец и се наоѓа во Скопје, денес ЛИЛЕ СТЕФАНОВА живее.
ПРЕДЛАГАМ:
Републичкиот јавен обвинител да си ги превземе законските дејствија кои му се на располагање, да си поведе соодветна јавно обвинителска истрага и прво да изврши РЕВИЗИЈА на постапувањата во предметот ,,ИМПЕРИЈА,, а истовремено и во предметот ,,РЕКЕТ,, и да поднесе соодветни кривични пријави против:
ВИЛМА РУСКОСКА, ЛИЛЕ СТЕФАНОВА, ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, АНА КАМЧЕВА и ЛАЗАР ЈАНЕВА…
Списите, доказите и сознанијата му се на располагање во двата предмети, ,,ИМПЕРИЈА,, и ,,РЕКЕТ,,…