Статус на Зоран Божиновски:
“Почитувани истражувачи од ,,Интелектуалната иницијатива за подобрување на квалитетот во универзитетското образование,, (NIRCAU),
мал скандал е тоа со ,,научните трудови,, што сте го откриле на ДУТ. Поголем скандал е што таму РЕКТОР е ПЕЛИВАН со фалсификатна докторска дисертација! А СКАНДАЛ над СКАНДАЛИТЕ е фалсификуваната диплома на БОЖИДАР ЈАНКОВСКИ викан БОБО, сопруг на министерката за одбрана РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА. БОБО не ни стапнал на ДУТ во Тетово, туку фалсификуваната диплома од Економскиот факултет му е донесена дома, а со неа подоцна отишол на Економскиот факултет на УКИМ па таму исто така магистрирал без да се појави на испит…
АКО БОБО НЕ ДОБИ ДИПЛОМА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ, ЌЕ МОРАШЕ ДА БИДЕ ТРГНАТ ОД ДИРЕКТОРСКА ФОТЕЛЈА ВО ,,ДАЈНЕРС МАКЕДОНИЈА,,!!! Во медѓувреме стана и ГАЗДА на ,,ДАЈНЕРС,,…
Дипломата на ЈАНКОВСКИ од ДУТ е инструмент за уцена на ДУИ кон СДСМ, за да не бидат емитувани неколку пакети ,,бомби,, од ,,Вистината за Македонија,,. Ќе се сетите дека после првиот распакуван пакет ,,бомби,, поврзани со ДУИ, се случи МАЛАТА ВОЈНА во ДИВО НАСЕЉЕ, кумановско.
Потоа седнаа на преговори во ПРЖИНО, па се случи ПРЖИНО 1 и ПРЖИНО 2, а главен преговарач во име на СДСМ беше уценетата РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА. Република Македонија и граѓаните во континуитет после двата криминални договори, ПРЖИНО 1 и 2, страда поради условите СДСМ и ДУИ да коалицираат…
Така да, тоа што професори од ДУТ краделе научни трудови или краделе делови од научни трудови, е најмалото зло и само е дел од криминализацијата на образованието од кое еве имаме уценети функционери од Владата и Влада која функционира под уцена! Бидејќи сте толку вешти и моќни во откривање на фалсификати или крадење на научни трудови, направете напор и истражете го начинот на кој БОЖИДАР ЈАНКОВСКИ се стекнал со фалсификат диплома на ДУТ.
ПОЧНЕТЕ ОД НЕГОВИТЕ ЕКТС КРЕДИТИ! Пронајдете во студентското досие на ЈАНКОВСКИ каде се впишани ЕКТС кредитите во неговото уверение за завршен економски факултет. Извадете ги датум по датум положените испити на ЈАНКОВСКИ на Економскиот факултет, па со помош на МВР споредете да видите во кои странски земји бил на тие датуми…
И така натаму…”