Во вечерашното гостување на телевизија Алфа, Гордана Силјановска Давкова зборуваше и за нејзината денешна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
-Со задоволство ја прифатив поканата, дадов оценка на изборите, но се обидов и да конкретизирам она што го зборував за време на изборите, што би сторила јас. На пример како го замислувам јас обраќњето во Собранието пред нацијата и приоритетите што под итно треба да се превземат. за ние да зачекориме во ЕУ., односно да посегнеме по реформи, рече Силјановска.
„Со Силјановска-Давкова се согласивме дека иднината на земјата е во ЕУ. Сѐ уште треба многу работа за да се внесе ЕУ во секојдневниот живот на луѓето. Јас и мојата канцеларија ќе ги поддржиме сите граѓани на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел“, напиша Жбогар за средбата со Силјановска.
https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1127899785330139136