Нон-пејперот како што објавивме уште тогаш, а кажа и специјалниот претставник на Владата, содржи размена на идеи коишто постојано ги даваме и ќе продолжиме да ги даваме се додека не ги надминеме проблемите и пречките поставени од страна на Бугарија , изјави премиерот Зоран Заев.
-Ннапоменувам, тука е и акциониот план што заедно со министерот за надворешни работи, потпретседателот на Владата за европски прашања, кабинетите наши го изработија, а целта беше до крајот на годината да се одржи таа меѓувладина конференција на која што ќе се констатира таквиот акционен план и да биде дополнителна мотивација за поефикасна и побрза имплементација на Договорот со Бугарија. Овде беа изразени уште еднаш дополнително нашите ставови, како што е долгото и краткото име, немање територијални претензии, немешање во внатрешните работи, начините на кои ќе се справуваме со предизвиците за сопирање на омразата која е присутна од двете страни на границата и сл. Се работи за идеи кои постојано се на маса и верувам дека ќе бидат разрешница. Впрочем, тоа се работи кои и нашите владини претставници, но и бугарските владини претставници често ги адресираа во јавноста во минатото, рече Заев на новнарско прашање на прес-конференцијата за отчетот за 100 дена Влада.
Одговарајќи на прашање Заев рече дека Бугарија прашањето за малцинските права го вади на површина заради тоа што беше отворена една постапка во Советот на Европа, односно во Европскиот парламент кое што само по себе потврдува загриженост од нивна страна дека имало мешање од наша страна, од нашата држава или од некои институции што воопшто не е точно.
Повеќе >> Фокус