Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека менувањето на министерот за финансии, Драган Тевдовски не е бидејќи тој не работел добро, туку бидејќи следуваат храбри чекори за кои Заев сака да ја преземе одговорноста.
-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум незадоволен . ЈАС влегувам во последната фаза само во конечните реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години , доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, рече Заев.
Извор: fokus.mk