Бугарија е пред парламентарни избори и не треба да ги креваме очекувањата во јавноста дека некои чуда можат да се случат до 28 март. Сега не е време за некои дебели и тешки политики да се разговара. Политичарите исправени пред избори не се разумни, рече премиерот Зоран Заев во интвјуто за Сител и додаде:
Историските прашања треба да ги оставиме на историската комисија. Ќе прославуваме одредени историски личности и историски периоди но ќе си останат и делови од историјата кои ни се посебни.
Идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ, придавката македонски нити можат ниту дозволуваме да бидат на масата за преговори, рече Заев.
Тоа го знаат и бугарските преговарачи, бугарската министерка за надворешни работи, премиерот Борисов, сите го знаат. Тие ја прифаќаат реалноиста но велат ајде да разговараме за минатото. За минатото не можат Борисов и Заев да разговараат, ние нити сме стручни ниту сме повикани за таа работа, затоа формиравме историско образовна комисија, вели тој.
Според Заев записниците се усогласени за петте личности и трите историски периоди и тие се верификувани и потврдени од двете страни. Колку што знам, вели Заев, на последниот состанок се зборувало за цар Самоил и за него имаме записник кој е прифатлив за двете страни.
Нашата страна предложила тој записник да биде дополнет со некои работи кои не и штетат на бугарската страна.Сега во записникот не е напишано дека Самоил имал војска од 14 илјади, дека биле ослепени, а дека на секој стотти му е оставено по едно око, тоа го знаеме од историјата.
Тоа е примамливо за учење на децата а тоа не и штети на Бугарија, но бугарската страна останала на ставот во учебниците да биде само таа што е договорено во записникот. Добро тоа се 12 или 20 реченици но има работи за кои децата треба дополнително да учат а тоа не им штети на ниту една од двете земји
Повеќе >> Во Центар