Веселин Марешки е претседател на партијата Воља и во моментот ја обавува функцијата заменик-претседател на бугарското Собрание. Тој вчера имаше гостување во популарната телевизиска емисија Лице во лице со Цветанка Ризова на националната телевизија БТВ.
Во врска со случајот и сегашните односи меѓу Бугарија и Македонија, заменик-претседателот на бугарското собрание излезе со крајно проблематично решение. Кое дури може да се третира и како пројавување територијални претензии кон соседна држава на Бугарија, а тоа во конкретниот случај е Македонија.
Еве што изјави Марешки во гостувањето на БТВ:
Предлагам да се обединиме Бугарите од двете страни на границата. Тоа го сакаат сите обични Бугари. Сега засега Борисов како поискусен и повозрасен да си остане премиер а Заев да дојде и да стане вицепремиер. Борисов порано или подоцна ќе се откаже од функцијата премиер а Заев можеда стане премиер на обединета или голема Бугарија, како ќе решиме да ја наречеме.
На прашањето на новинарката дали тој смета дека македонскиот премиер Заев би можел да биде премиер на таа обединета или голема Бугарија, Марешки го потврди својот став:
Да, тој може да стане премиер на oбединета или голема Бугарија и тогаш сè ќе се врати во нормала, заклучи Веселин Марешки.
Повеќе >> Во Центар