Си седам така во самоизолација и си вршам историски попис. Не само за Македонија, нормално, туку го попишувам и целиот евроатлански организам кој незапирливо гние заради вознапредната гангрена. И одново констатирам факт потврден од историјата дека секоја врвна моќ умира на ист начин – како преполнета септичка јама која во последните претсмртни секунди се обидува да се спаси така што ќе се излее насекаде за са го засмрди целото човештво.
Јас сум меѓу оние кои ниту ќе дозволат да бидат жигосани (модерно чипирани) ниту ќе се согласат да ги попишува фашистичка платеничка банда инсталирана како „власт“ на непостојна држава без своја територија, без валиден имотен лист, без тапија, без автентичен домицилен народ а која за оваа махинација сака да го злоупотреби народот на друга постојна историски фундирана држава.
За последен пат прашувам: Ќе им отворите ли врати на изнајмени нелегитимни попишувачи да ве укинат како Македонци, како луѓе, како семејства како сопственици на имотни листови, на семејно духовно наследство, на традиции, вера, убедувања, култура, јазик, музика, танци, носии и историја? Време е за целосна граѓанска непослушност. Ништо не можат да сторат против такво нешто. Целосен бојкот на се што е институција, вклучително и банките и судовите и монополските фирми значи распад на окупаторскиот систем за многу кратко време. Ние и вака сме цела година во затвор. Без судска пресуда.
Наместо депресија и апатија раздвижете ги мозочните „мускули“: Изведете си свој попис, за своја душа. Сетете се само што се ви се случи во изминативе години и попишете ги сите оние кои ви оставиле бележлив впечаток по сторените дела, зла заради кои сте плачеле страдале, колнеле.
Мојот попис за Република Македонија веќе утврди дека во моментов од сите државјани што се стекнале со високо образование и поседуваат вистински или лажни дипломи и научни звања, постојат само пет -шест вистински интелектуалци: академик Коцарев, проф. Д-р Љубомир Цуцуловски, проф. Др Горазд Росоклија, проф. Д-р Рашела Мизрахи, Алдо Климан и Никола Пановски.
Од сите формални, само овие наброениве поседуваат знаења, логички апарат, кристално јасен здраворазумски говорен израз кој е разбирлив за секој нормален човек без оглед на неговата образованост. Како такви се веродостојни и со неспорен човечки и професионален интегритет.
Повеќе >> infomax.mk