Васко Ефтов во својата последна политичка анализа, пред официјалниот почеток на неговата авторка емисија „Во Центар“, која оди на Јутјуб, правеше анализа на внатрешните и регионалните политички случувања.
-Хашим Тачи отиде во Истанбул, а Зоран Заев во Атина. Тоа е така, бидејќи на Хашим Тачи сега му е густо, поради почетокот на процесите со Хашките случаи за Косоварите, а тој својот спас го гледа во Ердоган.
Зоран Заев, за разлика од него, отиде во Атина. Тој не отиде во Софија, бидејќи Заев знае, дека владеењето на Борисов е при крај, односно тој е пуштен низ вода.
Бојко Борисов не си го послуша сопствениот совет кој своевремено му го даде на Никола Груевски, кога ќе ти излезе народ на улица, замини си, напротив, тој оди против волјата на народот и не отстапува од позицијата. Но никој не победил против народот, вели Ефтов.
Сега, Грција е стратешки партнер на Македонија, кон евроатлантските интеграции и ова се последните моменти, кога Македонија е кревка, вели Ефтов.
Тоа го знаат Софија и Белград и преку руските играчи во нивните редови, Ивица Дачиќ и Красимир Каракачанов, се обидуваат да го наметнат Гоце Делчев како тема и спор, преку кој се надеваат дека ќе успеат да го разнишаат Зоран Заев.
Своја поддршка имаат и во нашата земја, преку опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која игра по нивни ноти и одеднаш за нив, црвена линија стана Гоце Делчев, смета Васко Ефтов.
-Но Зоран Заев ќе излезе победник, смета Васко Ефтов. Доколку се присетите на неговиот градоначалнички мандат во Струмица, тој успеваше неколку пати да го победува ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи успеа да ги раскара меѓу себе и таму партијата да функционира преку две крила, едното предводено до Силвана Бонева и другото од поранешниот градоначалник Јанев.
Според Ефтов, Заев сега истото ќе го направи и на државно ниво. Ќе се предизвика поделба на ВМРО-ДПМНЕ, што пак ќе придонесе и за цепкање на пратеничката група на два или три дела.
Еден од овие делови ќе прави коалиција со Заев, кој во тој случај ќе може да ги замени Ахмети и Груби со другите парламентарни партии на Албанците.
Впрочем, според Ефтов, Ахмети и Груби и во моментов повеќе посакуваат и работат на тоа да бидат во друштво на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Целата анализа на Васко Ефтов:
https://www.youtube.com/watch?v=OAVx_qFfTdo