Втор пат во три години Вардар ќе игра во финалето на Ф4 во Келн во Лигата на шампионите, откако со (16:9) ја победи големата Барселона, големиот фаворит, во второто полуфинале во јубилејното издание на елитната завршница.
Десет минути им беа доволни на „црвено-црните“ за нов делириум, за ново чудо во „Ланксес“ арената и за повторување на историјата. Сето тоа заедно со добро познатата констатација дека фаворитите не минуваат добро во Келн.
По лошото прво полувреме, по оние седум негатива на полувремето (16:9), малку кој веруваше во чудо, малку кој веруваше дека Вардар ќе се врати и ќе се најде во финалето против Веспрем.
Нема повторување на историјата, нема ново чудо! Едноставно Вардар немаше сила за да ја сопре „машинеријата“ на Барселона. Не беа на она посакуваното ниво „црвено-црните“… Сакаа, но не можеа, каталонскиот гигант беше незапирлив со своето најсилно оружје контра-нападот, кај вардарци, пак, затаи офанзивата… Промногу „прокоцкани“ шанса, премногу технички грешки и проблеми со реализацијата.
Почнаа добро, имаа 4:4, но летонската судиска двојка Сандорс – Лицис навреме го „исекоа“ македонскиот првак, а потоа беше тешко да се врати. Барем во првиот дел, а до полувремето имаше негатива од седум гола, 16:9.
Но, во продолжението проработе вардаровиот инат, па намалија на 19:14, а кога фатија ритам со каков што требаше да го отворат мечот предводени од Кристопанс, комплетно ја стопија разликата, (25:22, 26:24) односно 26:26 со погодокот на Мораес на пет минути до крајот за комплетен делириум на македонските фанови во „Ланксес“.
Црвениот картон на Дос Сантос по стартот над Кристопанс, што значеше и две минути играч повеќе за вардарци му донесоа шанса на Карачиќ да погоди за прво водство на мечот, 26:27 на две ипол минути до крај, а потоа и Кристопанс украде топка за нов напад на Вардар.
Но, го загубија вардарци Карачиќ, кој го изнесоа на раце од теренот.